Проданоски најави нови игралишта и реконструкција во повеќе прилепски населби
Општина Прилеп продолжува со инвестиции во подобрување на условите за детска игра и спорт, со фокус на создавање побезбедни, поквалитетни и функционални простори за граѓаните. Како дел од оваа политика, веќе е потпишан договор за изградба на ново детско игралиште со современи реквизити зад Участакот, во централното градско подрачје. Паралелно, започнати се активности за изградба на уште едно игралиште во типската населба, во близина на стадионот со вештачка трева. Во истиот дел од градот, постое...