Средба Муцунски – Шакалиев: Фокус на економска соработка со Казахстан
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во работна посета на земјата заедно со бизнис-делегација, се наведува во соопштението од Министерството.Како што информираат од Министерството, на средбата двајцата министри оцениле дека посетата претставува потврда за интензивирање на билатералните односи и изразиле подготвеност за нивно понатамошно продлабочу...