Следниот попис во Македонија ќе се прави без попишувачи – ќе се броиме дигитално
Следниот попис на населението во Македонија, кој треба да се одржи во 2031 година, ќе го опфати само резидентното население, а процесот ќе се спроведе целосно дигитално, без класични попишувачи кои одат од врата до врата.Оваа промена доаѓа по контроверзиите околу пописот од 2021 година, кога дел од јавноста ги оспоруваше резултатите и методологијата на пребројувањето. Според најавите, новиот модел треба да ја намали можноста за политички или технички спорови и да обезбеди пообјективни податоци.С...