Ројтерс: Израел се подготвува за долготрајна војна и нова стратегија
Додека САД и Иран се обидуваат да го зацврстат примирјето и да отворат простор за поширок мировен договор, Израел паралелно го проширува своето воено присуство и зазема нови територии во соседните области, подготвувајќи се за долготраен и исцрпувачки конфликт на Блискиот Исток, објавува Ројтерс.Создавањето на таканаречени тампон-зони во Газа, Сирија и Либан се оценува како стратешки пресврт по нападите од 7 октомври 2023 година, со кој Израел влегува во состојба на постојана борбена подготвеност...