Коњановски: Битола продолжува да создава врвни културни настани
Синоќа во Битола, во големата сала на Народниот театар, се одржа празничниот концерт „Премин 26“, уникатен музички проект на Оливер Јосифовски кој на публиката ѝ понуди несекојдневно уметничко доживување. Настанот привлече бројни посетители, меѓу кои беше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој ја сподели атмосферата од концертот. „Премин 26“ не беше само концерт, туку вистинско мултисензорно искуство кое ги надмина класичните музички рамки. Звукот, светлината и тишината се испреплету...