Корумпираниот судија од Врховен „ќари“ условен отпуст: наместо за три години, веќе летово ќе си го помине на слобода
Скратена е казната затвор на поранешниот врховен судија Наќе Георгиев, кој беше осуден за примање мито, откако Апелациониот суд Скопје му го уважил барањето за условен отпуст и ја преиначил одлуката на Кривичниот суд, со што стана и правосилна.Според потврдената одлука, Георгиев нема да остане во затвор до мај 2027 година, туку ќе излезе веќе летово, што значи дека вкупно ќе одлежи околу две години и два месеци.Претходно, Кривичниот суд му ја намалил казната за тој да излезе од затвор во септемв...