Ескалација во Персискиот залив: нови инциденти со трговски бродови
Во Ормутски теснец е регистриран трет инцидент во текот на истиот ден, откако во регионот претходно беа пријавени уште два напада врз трговски бродови.Според поморско-разузнавачката компанија Vanguard, третиот брод бил нападнат на околу шест наутички милји од иранскиот брег. Во извештаите се наведува дека пловилото било запрено од Иранската револуционерна гарда, по што му било наредено да фрли сидро. Пријавена е и штета на трупот на бродот и на просториите за сместување на екипажот.Инцидентот сл...