„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата
„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“ – со вакви квалификации Демократската унија за интеграција ја оцени работата на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.Од партијата тврдат дека за нешто повеќе од една година власта „ја уништила економијата, го саботирала европскиот пат и ги нападнала правата на Албанците“, обвинувајќи и за политички притисок врз коалициската групација ВЛЕН.Според ДУИ, економските ветувања не се реализирале, посочувајќи де...