Радовиш под чад од депонијата што гори пет дена
Густ чад утринава го прекри Радовиш поради пожарот на градската депонија, која гори веќе петти ден, по што локалните власти најавија итни мерки и препораки за граѓаните.На терен е ангажирана целокупната расположлива механизација, вклучително и камиони кипери, багери и булдожери, со цел депонијата да биде покриена со земја. Според надлежните институции, тоа е единствениот начин за задушување на чадот.Иако во моментов нема отворен пламен, депонијата и понатаму испушта густ чад, кој се спушти над г...