(Видео) Ѓорѓиевски: Ги уредуваме патеките и поставуваме нова опрема во Градскиот парк
Градскиот парк во Скопје добива освежен изглед преку тековните активности за уредување на пешачките патеки и обновување на инфраструктурата. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека во моментов се поставува бела ризла на патеките, а просторот се опремува со нови клупи и канти за отпадоци.Градскиот парк е срцето на Скопје, каде градот дише, а луѓето уживаат во природата. Во овој момент ги уредуваме пешачките патеки со поставување на бела ризла и ја обновуваме урбаната опрема со нови клупи...