Синот на Теута Арифи приведен под сомнение за продажба на дрога
Според соопштението на полицијата, на 16 април 2026 година во 22:05 часот полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение дека сторил кривично дело поврзано со недозволена трговија со наркотични средства според член 215 од Кривичниот законик.Во рамки на постапката бил извршен претрес на објект во Тетово, кој малолетникот го изнајмил и го користел со согласност на сопственикот. При претресот биле пронајдени и запленети 34 пакувања марихуана, како и кути...