Божиновска: Младите ја градат свесноста за богатствата на Македонија
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со ученичките Марија, Јасемин и Ангела од гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои стојат зад документарниот филм посветен на македонскиот рубин. Филмот, кој обработува тема поврзана со природните и минералните богатства на земјава, бил награден со сребрена награда во конкуренција од околу 40 филмови. Според Божиновска, ваквиот успех е значаен, но уште поважно е што младите отвораат суштински прашања за тоа к...