Ешерихија коли и недостиг на хлор – забрана за пиење вода во осум охридски села
Водата од локалните водоводи во осум охридски села е забранета за пиење, откако лабораториските анализи покажале сериозни недостатоци во дезинфекцијата и микробиолошко загадување. Забраната се однесува на селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта.Според објавата на Општина Охрид, проблемот не е ист во сите села. Во сите осум е констатирано отсуство на резидуален хлор, што значи дека водата не била соодветно дезинфицирана. Во четири села – Свиништа, Куратица, Реч...