Мицкоски: „До 1 јули реконструкцијата на Владата ќе биде во Собранието“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека процесот на реконструкција на Владата се одвива според планираната динамика и дека најдоцна до 1 јули предлогот со кадровските промени ќе биде доставен до Собранието.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека во интерес на процесот засега нема да открива конкретни имиња и кадровски решенија, но потврди дека се разгледуваат различни опции, вклучително и промени на ресори.„Во добра и пријатна атмосфера беше вчерашниот состанок. Се разглед