Три предупредувачки знаци дека некој можеби го компромитирал вашиот телефон
Паметните телефони денес содржат огромна количина лични податоци – од фотографии и пораки до банкарски сметки и лозинки. Токму затоа тие сè почесто се мета на хакери и злонамерен софтвер, а експертите предупредуваат дека корисниците треба навреме да ги препознаат знаците на можна злоупотреба.Еден од најчестите симптоми е необјасниво прегревање на уредот. Иако е нормално телефонот да се загрее при полнење или користење на апликации што трошат повеќе ресурси, прегревање при вообичаени активности,