Народната банка и Светската банка со иницијатива за поголема дигитализација на плаќањата
И покрај високото ниво на дигитална подготвеност кај граѓаните, прифаќањето на електронските плаќања кај малите трговци останува еден од најголемите предизвици за платниот систем во земјава. На ова укажа вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, организирана во соработка со Светската банка.Величковски посочи дека Северн