За викендот приведени 34 возачи поради безобѕирно управување
Во текот на изминатиот викенд, од 31 јули до 3 август, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода вкупно 34 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 23 од приведените управувале возило без возачка дозвола, деветмина биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило без воз