„Доста со „шурење“ на граѓаните – во државава мора да има социјална одговорност“, вели Зајкова
Либерално-демократската партија повторно ќе го поднесе предлог-законот за укинување на банкарските провизии, најави претседателката на партијата и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, оценувајќи дека најавеното зголемување на банкарските надоместоци претставува дополнителен товар за граѓаните.Според Зајкова, веќе трета година по ред ЛДП ја отвора оваа тема во Собранието, но, како што вели, парламентарното мнозинство досега не покажало подготвеност да застане зад мерките што треба да го зашт