„Извештајот на ЕП говори и за странско мешање, медиуми под унгарско влијание и антиевропски наративи“, вели Филипче
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека најновиот извештај на Европскиот парламент ги потврдува предупредувањата на неговата партија за присуство на странско влијание и ширење антиевропски наративи во македонскиот јавен простор.На прес-конференција, Филипче посочи дека во извештајот се изразува загриженост поради странско мешање, вклучително и преку медиуми под унгарско влијание, кои, според него, придонесуваат за ширење пораки насочени против европската и