Макрон го предупреди Израел: „Се обидуваат да ги заплашат француските војници“
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е „од витално значење“ двонеделното примирје меѓу САД и Иран да се прошири и на израелските напади врз Либан, оценувајќи дека состојбата во земјата е критична.Макрон, во пресрет на состанок на францускиот Совет за одбрана во средата, порача дека нападите и присуството на израелските сили во јужен Либан не претставуваат решение и повика на политички разговори меѓу Тел Авив и Бејрут, во обид да се намалат тензиите и да се спречи натамошна ескалаци...