Проданоски: Работниците се движечка сила на развојот на Прилеп
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод Меѓународниот ден на трудот – Први Мај, истакнувајќи дека овој празник е симбол на достоинството, правата и придонесот на работниците во изградбата на општеството. Во својата порака, Проданоски нагласи дека секој успех се темели на трудот, упорноста и посветеноста на луѓето кои секојдневно работат за подобро утре. Тој им оддаде признание на сите работници, без разлика дали се дел од индустријата, администр...