Франција го повикува Илон Маск пред суд: „X“ под истрага за содржини, алгоритми и улогата на Grok
Француските власти ја заоструваат истрагата поврзана со социјалната мрежа „X“, откако париското обвинителство го повикало Илон Маск на доброволно појавување пред суд на 20 април. Повикот е дел од постапка што се води по сомневања за злоупотреби на платформата и начинот на кој таа функционирала во периодот што е предмет на проверка.Според наводите, истражителите уште на почетокот на февруари извршиле претрес во простории поврзани со компанијата „X“, по што Маск бил повикан да даде појаснување за...