Рускоска: „Пулс“ е правно промашен предмет – долготраен процес и неизвесна правда
Поранешната обвинителка Вилма Рускоска, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, упати остри критики кон обвинителскиот тим кој застапува еден од најмасовните предмети во последно време – случајот „Пулс“. Со 33 обвинети лица и стотици сведоци, Рускоска смета дека процесот е поставен на стаклени нозе и се движи кон неефикасност. За Рускоска, најголемиот проблем во „Пулс“ е обидот сите обвинети да се стават под ист правен чадор, што според неа е правно неодржливо и води кон одолговлекување. „Правн...