Ѓорѓиевски со бунари ќе ја намалува загубата на питка вода во Скопје
На повеќе места во Скопје, почнувајќи од Градскиот парк, се копаат бунари за вода, која би се користела за наводнување, со што се очекува да се намали огромната загуба на питка вода во главниот град, што изнесува до 60 отсто. – Во Градскиот парк се користела питка вода, а сега на повеќе места почнуваме со копање бунари, со цел да се намали употребата на водата од водоводниот систем – рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој присуствува на почетокот на изградбата на Универзална сала....