Филипче: Мицкоски повторно зборуваш за името, па што не го враќаш
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на социјалната мрежа X упати критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за недоследност во ставовите околу прашањето за името.Филипче посочи дека Мицкоски повторно ја отвора темата за името, иако, како што наведува, во минатото ветувал дека ќе го врати старото уставно име и ќе го поништи Преспански договор.„Кога клечеше и молеше за власт, ветуваше дека ќе го врати името и ќе го поништи Преспанскиот договор, а нас нè нарекуваше предавници“...