Уапсени девет возачи за опасно и безобѕирно учество во сообраќајот
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата полициските службеници лишиле од слобода девет возачи поради безобѕирно управување со моторни возила.Според МВР, меѓу приведените има возачи од Скопје, Гостивар, Тетово, Штип, Гевгелија и Велес. Дел од нив управувале возила без возачка дозвола, а еден од случаите во Тетово се однесува на малолетно лице кое предизвикало сообраќајна незгода.Во Штип, покрај управување без дозвола, е утврдено...