Забранети се крпи на познатата плажа: 100 евра за прекршок, високи казни ако понесете камен или школка
Една од најпопуларните плажи во Италија, Ла Пелоса, која се наоѓа на островот Сардинија, воведе нови правила за посетителите. Мерките се насочени кон зачувување на единствената природна средина што привлекува туристи од целиот свет. На посетителите неодамна им беше забрането да се сончаат директно на крпи; дозволени се само специјални простирки направени од слама или бамбус. Новите ограничувања имаат за цел борба против постепеното губење на песок. Локалните власти проценуваат дека влажните крпи...