Кражба кај Неа Каликратија: На македонски туристи им ги украле пасошите од автомобил
Непријатен инцидент им се случил на македонски туристи и на нивни пријатели од Шпанија и Португалија за време на престојот во Грција, откако крадци провалиле во нивниот автомобил и однеле пасоши, пари и други лични документи.Според нивното сведочење, по посетата на Сивири, застанале на паркинг во близина на Сахара Бич, кај Неа Каликратија, за да ручаат. Кога се вратиле до возилото, забележале дека тоа било насилно отворено.Од автомобилот исчезнале пет пасоши, меѓу кои македонски, шпански и порту