Запалена приколка од камион на патот Струмица–Валандово, пожарникарите брзо го изгаснаа пожарот
Пожарникарите од ТППЕ Струмица денеска интервенираа при пожар на приколка од камион на регионалниот пат Струмица–Валандово. Според информациите од ТППЕ Струмица, интервенцијата била извршена во 14:20 часот, при што на терен биле ангажирани две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители. Пожарот зафатил приколка од камион, а благодарение на брзата реакција на пожарникарите бил локализиран и целосно изгаснат кратко време по пристигнувањето на местото на настанот. Во пожарот нема информации з...