Брисел измисли нов збор за одложување на членството: „фазна интеграција“ – дипломатски термин за бесконечно чекање?
„Фазна интеграција“ е најновото име за најстарата политика на Брисел кон Западен Балкан – чекајте уште малку. Зад новата терминологија не се крие историски исчекор, туку признавање на реалноста дека Европската Унија нема политичка подготвеност за нов бран полноправни членки. Наместо членство, сега се нуди постепено интегрирање. Наместо место на масата каде што се носат одлуките, се нуди можност да се биде поблиску до масата. Наместо еднакви права, делумен пристап до одредени политики и фондови....