Коњановски: Битола домаќин на балканска џудо елита до 14 години
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски истакна дека градот викендов е центар на балканското џудо, откако свечено го прогласи за отворен Балканското првенство во џудо за деца до 14 години. На натпреварите, кои денес и утре се одржуваат во спортската сала Боро Чурлевски, настапуваат најдобрите млади џудисти од повеќе балкански џудо-федерации, меѓу кои Македонија, Молдавија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Кипар, Албанија, Грција, Бугарија и Косово. Во своето обраќање на отвор...