ЛДП: Не е проблем законот за „Скопје 2028“, проблем е кога тој се претвора во алатка за „перење“ пари и местење тендери
Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение оцени дека самиот закон за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ не е спорен, но предупредува дека предложените решенија можат да создадат простор за нетранспарентно трошење на јавните средства и злоупотреби при јавните набавки.Од партијата посочуваат дека вакви проекти успешно се реализираат низ Европа, но проблемот, според нив, настанува кога законските решенија се користат за ограничување на јавната контрола и концент