Од 1 септември почнува реорганизацијата на училишната мрежа во општина Струмица
Советничката за образование Александра Ќосева презентираше оптимизациски план за основното образование, со кој се предвидува реорганизација на дел од училиштата и изградба на нов објект во Струмица. На денешната 12-та седница на Советот на општина Струмица беше образложен Предлогот за усвојување и спроведување на оптимизациски план за финансирање и администрирање на основните училишта во општината. Советничката за образование при Општина Струмица, Александра Ќосева, истакна дека основните училиш...