Почина чичко Драги од Рекорд – човекот кој се грижеше за уличните кучиња.
Почина чичко Драги, човекот кого речиси секој скопјанец го знаеше од неговата мала тезга кај Рекорд – Скопје. На 72-годишна возраст тој го загуби животот по подолго боледување.Со години продаваше ситници – стегачи, шноли, штипки за коса, ланчиња. Околу него секогаш имаше кучиња – десетина улични миленици кои тој ги спасил и за кои секојдневно се грижеше.Чичко Драги живееше сам, а неговиот дом беше засолниште за повеќе од десет кучиња од улица. Колку што имаше за себе, толку имаше и за нив.Поради...