Возач удрил во 11-годишно девојче во Капиштец и избегал
Единаесетгодишно девојче од Скопје е тешко повредено откако било удрено од патничко возило на крстосница во градот, а возачот по несреќата го напуштил местото на настанот.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 16 март во 16:10 часот, кога од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било соопштено дека кај нив е донесена малолетничката со тешки телесни повреди.Според првичните информации, несреќата се случила околу 13:20 часот на крстосницат...