Европа на удар од „експлозија“ на дизелот: фјучерсите над 200 долари, страв од недостиг и нов инфлаторен бран
Цените на дизелот во Европа денеска (3 април 2026) се искачија на највисоко ниво од 2022 година, откако фјучерсите за дизел на лондонскиот пазар скокнаа над 200 долари по барел, односно околу 1.498 долари по тон, со дневен раст близу 10 проценти.Пазарниот шок доаѓа во услови на сериозни нарушувања во снабдувањето, поврзани со војната со Иран и затворањето на Ормускиот теснец. Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, цените на дизелот речиси се удвоија, додека паралелно се засили и притисокот в...