Уставен суд поништи законско решение: Намалувањето на судиските плати е неуставно
Уставен суд на Република Македонија денеска на 9. седница донесе одлука за поништување на Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/2026), оценувајќи дека истиот е спротивен на Уставот.Како клучни аргументи во одлуката, Судот го истакна значењето на финансиската независност и самостојност на судството, како составен дел од уставно загарантираната независност на судската власт, но и темелните вредности на уставниот поредок – владеењето...