Велигденска порака од Проданоски: Нека верата и љубовта бидат водилка во нашата општина
Дејан Проданоски, градоначалник на општина Прилеп, преку своите социјални мрежи упати искрени честитки до сограѓаните по повод Велигден. Тој посака празничните денови да се поминат во мир, љубов и сплотеност со најблиските. „Велигден е празник на надежта, верата и новиот почеток. Потсетува на вистинските вредности – хуманоста, почитта, добрината и солидарноста. Да шириме љубов, да правиме добри дела и да бидеме поддршка едни на други“, истакна Проданоски. Градоначалникот нагласи дека треба да се...