Регистрирани 13 пожари на отворено, седум се изгаснати
До 18 часот денес на територијата на државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а седум се целосно изгаснати.Според надлежните служби, активни пожари има во Куманово, каде што во населбата Баново Трло гори ѓубре, а на улицата „Ѓуро Пучар – Стари“ е зафатена ниска вегетација. Активен пожар е регистриран и во скопската населба Сингелиќ, во Општина Гази Баба, каде што гори ниска вегетација и ѓубре.Пожарникарите интервенир