Комуналец Прилеп: Јавната инфраструктура повторно на мета на вандали
За неполни седум месеци од обновувањето, амфитеатарот во населбата Варош во Прилеп е скоро целосно уништен, информираат од ЈКП „Комуналец“ Прилеп. Со помош на опрема биле извадени дрвените штафни, а оние кои не можеле да се земат се искршени. Уништено е и детското игралиште до амфитеатарот, при што се земени носечки железни цефки од клацкалките и друга урбана опрема. „Наместо планираните финансиски средства да се трошат за нови добра за граѓаните, со години се одлеваат пари за поправки“, се наве...