Муцунски оди во полска – следуваат важни разговори
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре заминува во официјална работна посета на Република Полска, на покана од неговиот полски колега Радослав Шикорски. Станува збор за прва билатерална посета на Муцунски на Варшава, при што во центарот на разговорите ќе бидат продлабочувањето на односите меѓу двете земји, со посебен акцент на економската соработка, зголемување на трговската размена и привлекување на нови полски инвестиции во Македонија. Дополнително, се очек...