Инспектор на ДЗС изнесе страшни детали за „Пулс“: хидрантот празен, помошната врата заклучена со катанец
Стравични детали за безбедносните пропусти во кочанскиот клуб „Пулс“ откри денешното рочиште преку исказот на инспекторот од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Увидната екипа по пожарот затекнала состојба која не остава простор за евакуација: помошната врата била заклучена со катанец и без квака, а дополнително запечатена со стиропор од надворешната страна. „Најболната работа беше заклучената задна врата. Немаше систем за јавување пожар, хидрантот беше празен – без вода, без црево и без м...