Кои се кандидатите: Двајца од СЈО, тројца од Скопско и пет бараат реизбор за да гонат организиран криминал кај Абази
Двајца обвинители кои беа во згаснатото СЈО, а сега се во Вишото скопско обвинителство, и тројца обвинители од скопското Обвинителство, заедно со пет актуелни обвинителки од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, се борат за мандат во ова обвинителство. За пет места пријавени се десет обвинители. Непознато е дали изборот ќе се направи утре (среда), бидејќи истиот ден треба да се избере новиот републички обвинител, Ненад Савески. Во спротивно, ќе треба на седницата да присуст...