Застој во борбата против криминалот: Пет обвинители кои гонеа организиран криминал останаа без мандат поради ненавремениот избор од Советот
Советот на јавни обвинители ја одложи седницата закажана за во среда, кога требаше да се одржи изборот на нови пет обвинители кои ќе работат во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со ова, стави кочница во работата на ова Обвинителство, бидејќи пет обвинители од утре немаат мандат за да работат на предметите кои им се доделени.„Седницата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија закажана за ден 18.03.2026 година, се одлага. За терминот за одржување...