Над 80 лица затруени од лазањи во РЕК Битола
81 вработен во РЕК Битола побарал лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми, повраќање и температура.Според специјалистот инфектолог Хараламбос Сидиропулос, повеќето пациенти имаат лесна клиничка форма и се испратени на домашно лекување, додека едно лице е задржано за понатамошна терапија на Интерно одделение.„Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна...