Кривична пријава против поранешен градоначалник на Делчево
МВР поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Делчево, Горан Трајковски (54), поради сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.Според пријавата, тој во 2023 и 2024 година, во својство на градоначалник, склучил два договори за јавни набавки со економски оператор од Кочани, во вкупна вредност од по 236.000 денари, со важност од една година.Во постапките, како што наведува МВР, биле прифатени понуди со невообичаено ниски цени за одредени производи, без да се побара...