Француски министер со идеја: Канада еден ден би можела да влезе во ЕУ
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изнесе идеја дека Канада еден ден би можела да се приклучи кон Европската унија, наведувајќи ја земјата како пример за тоа колку блокот станува привлечен и надвор од своите географски граници. Изјавата ја даде на конференцијата „Европа 2026“ во Берлин, во разговор со германскиот колега Јохан Вадефул.Баро нагласи дека ЕУ, во услови на растечки геополитички тензии, се профилира како „трет центар на моќ“ што може да воспостави рамнотежа меѓу С...