Поскапуваат цените на летовите
Поради прекинот на глобалните испораки на нафта предизвикан од војната на Блискиот Исток (меѓу САД, Израел и Иран), патниците во Европа наскоро би можеле да се соочат со значително поскапи авионски билети. Според најновата анализа на „Европската федерација за транспорт и животна средина“ (T&E), трошоците за гориво по патник се веќе во пораст. Според податоците на T&E, просечната цена на горивото по патник на летовите на долги релации кои заминуваат од Европа е зголемена за 88 евра, додека за лет...