Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари
Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Од Град Скопје информираат дека зголемувањето на буџетот е резултат на домаќинско и одговорно работење, без нови задолжувања. Со ребалансот е предвидена изградба на нов кружен тек во близина на Народната банка на Република Македонија, со цел подобрување на сообраќајната проточност на една од најоптоваренит...