„По две децении го враќаме средното полициско училиште“, вели Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на научно-стручната конференција „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“, во организација на Факултет за безбедност - Скопје.„Често зборуваме за опрема, закони и реформи, но суштината на системот се луѓето. Ако тие не се подготвени, ниту една стратегија нема да даде целосен резултат.Полициската професија денес значи работа во динамични, непредвидливи и стресни услови, каде одлуките се...